ЦВЕТЧИЊА ВО ПАР

Пролеттта ни дојде ни донесе   безброј бои и  природата добива прекрасен сјај. Во моментите кога мора да останеме дома и не можеме да си дозволиме да уживаме во убавината на пролетта во природата добро е да се обидеме да ја внесеме пролетта во нашиот дом.

Читањето на приказни,  раскази , песнички се добар начин  за да ја повикаме пролетта во детската фантазија и да  дадеме поттик да „процвета“ детската мисла.

ИЗЛЕТОТ НА ПЧЕЛИТЕ ВО ПРОЛЕТ

Дојде пролетта. Снегот се стопи, никна млада трева, дрвјата се зелени. Се разбудија и пчелите од зимскиот сон,  си ги протрија очињата и се разлетаа надвор. Најпрво отидоа кај јаболкницата:

-Драга јаболкнице , имаш ли мед за нас?

-Се уште немам.  Рано сте дошле.  Моите цветове се само пупки. Туку,  одете кај црешата.

-Драга црешо, имаш ли мед за нас?

-Пупките се уште не ми се отворени. Кога ќе се расцветаат ќе ми бидете драги гости.  Одете кај вишната.

-Мила вишно,  имаш ли мед за нас?

-Дојдета пчелички утре. Се уште цветовите не ми се расцветани.

Само што пчелите посакаа да се вратат во кошницата, кога во грмушките ја здогледаа темјанушката. Веднаш и се доближија, се заситија од нејзиниот мирис и нектар и задоволни се вратија во кошницата.

Сега да се обидеме да ги направиме цветчињата и да си играме со нив.

ЦВЕТЧИЊА ВО ПАР

Знаеме дека омилена игра на децата им е цртањето и боењето,  а најмногу сакаат да цртаат цветови и да ги бојат во различни бои.

За оваа игра ни е потребно лист од блок,  молив,  дрвени боички и ножички. Она што треба е  да направиме е листот од блок да го поделиме на дванаесет еднакви делови, а во секој дел да нацртаме по едно крукче во средина.  А во првото поле цел цвет од крукчиња. Цел на децата е во сите полиња да го доцртаат цветчето со помош на кругчиња. Потоа со дрвени боички да ги избојат цветовите во парови(два по два во иста боја). Откако ќе ги избојат им даваме ножички а тие треба да ги исечат деловите по правите линии со што ќе добиеме мемориски картички. Со овие картички ќе можете да си играте со децата кога и да посакате.

Тек на играта:Ги поставувате картичките свртени со цветот надолу. Ги отварате две по две,  се додека не го пронајдете парот цветови во иста боја. Кој отвори повеќе парови тој е победник.

Со оваа игра кај децата се овозможува развој на фината моторика,  се развива способноста за користење на палецот и показалецот при држење на предметите.  Се поттикнува да ги користи дланката и прстите на двете раце за да ракува со ножички.

Се развива и координацијата рака-око,како и се развива и меморијата кај децата.

Се поттикнува интересот кон цртање и обликување на разни и едноставни форми.

Се  усвојуваат математичките поими ,,Повеќе-помалку,,(Ти отвори повеќе парови од мене; Јас отворив помалку парови од тебе.)

Се поттикнува и способноста за воочување на геометриската форма круг и цртање на крива затворена линија,  како и за споредување и класификација според боја.

Една убава песничка за да ја прославиме пролетта која може да ја пронајдете на следниот линк

Активноста е предлог на воспитувач Е.Пипервска

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down