НАМЕСТО БЛАГОДАРАМ

По повод реализираната донација од амбасадата на Јапонија во детската градинка „Астибо“, објект „ Цветови“, децата низ повеќе активности се запознаа со традицијата, културата, обичаите на Јапонија и Македонија. Храната , спортот, народната музика, ракотворбите беа дел преку кој ги доближивме вредностите на народите на двете држави. На тој начин им укажуваме почит и голема благодарност на јапонскиот народ и претставниците на амбасадата на Јапонија, за подобрените услови за престој на децата во градинката. За жал пандемијата ги спречи децата лично да се заблагодарат со подготвените активности. Веруваме дека соработката ќе продолжи и ќе имаме можност повторно да бидеме домаќини на драгите гости.

Контактирајте нé

Детска Градинка Астибо © 2021 All Rights Reserved
chevron-down