СО ИГРАЊЕ РАСТАМ - за децата од 2 – 3 години
САМО ИГРАТА Е ЕДИНСТВЕНА АЛАТКА ЗА ДОСТИГНУВАЊЕ НА
СИТЕ РАЗВОЈНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦАТА.
ЗОШТО Е ВАЖНА ИГРАТА ЗА ДЕЦАТА?
Основна потреба преку која го осознаваат светот околу себе, учат да комуницираат со други лица,
стекнуваат нови искуства и знаења преку обиди и грешки, ги согледуваат причинско -
последичните врски од активностите, развиваат мисловни процеси. Со еден збор кажано
развиваат сѐ. Играта е одраз на потребата на детето за активност и активирање на целиот
организам; изразување на емоции; задоволување на социјалните потреби; потребата за движење
и вклучување на сите сетила; интелектуално владеење на реалноста што го опкружува; создавање
идентитет и самосвест; вклопување во социјалната средина; остварување на желбите и
креативноста, самостојно и самостојно дејствување. Вредноста на игрите за деца од
предучилишна возраст се рефлектира во фактот што во текот на играта детето се активира и го
развива вниманието. Дополнително, играта има мотивирачки ефект и детето активно се вклучува
во различни активности кои се спроведуваат во соработка со возрасни или врсници, при што
децата ги подобруваат различните способности: перцептивни, моторни, интелектуални,
креативни. Според развојните фази на децата така се развиваат и игрите согласно возраста. Во
најрана возраст тие се краткотрајни активности, децата брзо губат интерес и внимание,
егоцентрични се, не ги разбираат поимите - правилата на игра, но како и сѐ друго и ова се учи со
постојано повторување.
Затоа , низ игра полесно се совладуваат сите тешкотии, се надминуваат конфликтите, се
контролираат емоциите, се развива другарството, емпатијата кај децата. Само со игра и низ игра
можеме да постигнеме севкупен развој кај сите деца.
Првите пет се најважни на свет.
САКАМ ДА КАЖАМ - за децата од 3 – 4 години
САМО ИГРАТА Е ЕДИНСТВЕНА АЛАТКА ЗА ДОСТИГНУВАЊЕ НА СИТЕ РАЗВОЈНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦАТА.
Секое дете што ќе го совлада мајчиниот јазик до третата година, совладал една од најтешките
ментални предизвици и сигурно има капацитети и способности за понатамошен развој во
унапредување на сопствените специфични таленти. Наша задача е само да му помогнеме во тоа и
на тој начин да ги достигне своите биолошки потенцијали.
за потсетување
со наполнети три до пет години детето може да ги изговара сите самогласки, и има потешкотии
со б на крајот и средината во одредени зборови, ж р з, џ ѕ ѓ ќ , кои полека до крајот на шестата
година ги совладува. До седмата година без потешкотии има целосно оформен говор .
Динамиката на збогатување на детскиот речник е до крајот на третата година има 1500 зборови, а
до крајот на седмата според очекувањата од зголемување по 500 збора годишно до 3500 зборови,
но децата со обезбедена стимулативна средина имаат речник околу 7000 зборови.
За правилен развој на детето потребно е организирање на стимулативна средина која ќе
изобилува со дразби и поттикнувачки материјали и средства неопходни за развивање на
функцијата на мозокот.
Раната стимулација се постигнува со постојано активирање на осетите на децата , а посебно
развојот на моториката и фината моторика од чија активност зависи и правилниот развој на
говорот
Практикувањето на игрите од најрана возрст придонесуваат за правилен развој на центрите во
кората на големиот мозок, а со тоа правилен развој на функцијата на сите останати органи или
развој на сите домени кај децата.
ИГРАМ, ГЛЕДАМ, СЛУШАМ МАТЕМАТИКА - за децата од 4 – 5 години
САМО ИГРАТА Е ЕДИНСТВЕНА АЛАТКА ЗА ДОСТИГНУВАЊЕ НА СИТЕ РАЗВОЈНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦАТА.
Развојот на интелектуалните и менталните способности на децата се потпира накогнитивниот
развој кој во предучилишниот период претставува динамичен, прогресивен процес, кој настанува
како резултат на интеракцијата на детето со останатите објекти, субјекти и настани кои се
случуваат во неговата околина. Когнитивниот развој обединува неколку сегменти, како што се:
препознавање, обработка, организација и соодветна употреба на дадената информација.
Процесот на когнитивниот развој вклучува комплекс на ментални активности, како: истражување,
откривање, презентирање, сортирање, класифицирање и меморирање, помнење, развивање на
имагинацијата. Меѓу другото, влијанието врз когнитивниот развој се фокусира на поттикнување на
логичкото мислење кај децата, развојот на мисловните функции (анализа, синтеза, воопштување,
заклучување, вреднување, поврзување),
Се реализира низ следните аспекти:
- логика и размислување;
- математика – наука
- запознавање и разбирање на околината;
- уметност – ликовно воспитание и музичко воспитание
Пристапот кон учењето ги опфаќа следните елементи:
- љубопитност и интерес кон стекнување нови информации, желба за учење и стекнување
нови знаења и вештини;
- иницијативност која кај малите деца покажува дека тие се желни да извршуваат задачи,
активно да учествуваат во активностите за рано учење и се подготвени да преземаат
ризици при стекнување нови знаења и вештини;
- упорност и истрајност со која децата покажуваат дека можат да го задржат своето
внимание за да ја извршат поставената задача;
- креативност и инвентивност која покажува дека децата може да ги прошират своите
знаења користејќи ја својата имагинација надвор од конвенционалните начини на
мислење и размислување, карактеристични за возрасните. Во рамките на пристапот кон
учењето се издвојуваат:
- љубопитноста и иницијативноста;
- креативноста и истрајноста.
Само завртете се околу себе, размислете и ќе сфатите дека сé е математика околу нас. Какви
форми се зградите, колку се на број, високи или ниски, широки, тесни и тн. Затоа играјте со децата
и учете математика.
УЧИМЕ НИЗ ИГРА И МУЗИКА – за децата од 5 – 6 години
САМО ИГРАТА Е ЕДИНСТВЕНА АЛАТКА ЗА ДОСТИГНУВАЊЕ НА
СИТЕ РАЗВОЈНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦАТА.
Конфучие истакнал:
„Ако сакате да знаете каква е државата на еден народ и дали нејзините закони се добри или
лоши, испитајте ја музиката што во таа земја се слуша“
Играта е активност која е карактеристична за луѓето, децата и возрасните, израз на нивните
потреби. Таа отсекогаш била централна и најважна активност во животот на детето. Играта е
свесна манифестација на нагонот за активност што постои како внатрешна потреба на личноста.
Претставува најдинамична форма на детска активност и изразува и развива неколку детски
психофизички карактеристики во сложен и заемно зависен однос.
Со своите исклучителни формативни можности, играта го поттикнува развојот на способностите на
децата и создава предуслови за нивен развој во подоцнежната возраст. Додека игра, детето го
истражува светот околу него и сопствените можности, наоѓа и измислува нови можности за
дејствување во различни ситуации. Исто така, играта има посебна улога кога е во контекст на
размислување за развојот и учењето на децата од предучилишна возраст.
Преку играта, децата стекнуваат и ги подобруваат социјалните и комуникациските вештини, ја
перцепираат и разбираат сопствената и емоционалната состојба на другите луѓе. Играта
дефинитивно треба да се охрабрува. Умешноста и координацијата на движењата се важни за
општиот развој на детето
можните предности на играта како форма на учење:
многу е лесно да се постигне најголема можна концентрација на внимание;