Играм, Гледам, Слушам Математика

ИГРАМ, ГЛЕДАМ, СЛУШАМ МАТЕМАТИКА - за децата од 4 – 5 години

САМО ИГРАТА Е ЕДИНСТВЕНА АЛАТКА ЗА ДОСТИГНУВАЊЕ НА СИТЕ РАЗВОЈНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦАТА.

Развојот на интелектуалните и менталните способности на децата се потпира накогнитивниот
развој кој во предучилишниот период претставува динамичен, прогресивен процес, кој настанува
како резултат на интеракцијата на детето со останатите објекти, субјекти и настани кои се
случуваат во неговата околина. Когнитивниот развој обединува неколку сегменти, како што се:
препознавање, обработка, организација и соодветна употреба на дадената информација.
Процесот на когнитивниот развој вклучува комплекс на ментални активности, како: истражување,
откривање, презентирање, сортирање, класифицирање и меморирање, помнење, развивање на
имагинацијата. Меѓу другото, влијанието врз когнитивниот развој се фокусира на поттикнување на
логичкото мислење кај децата, развојот на мисловните функции (анализа, синтеза, воопштување,
заклучување, вреднување, поврзување),
Се реализира низ следните аспекти:
- логика и размислување;
- математика – наука
- запознавање и разбирање на околината;
- уметност – ликовно воспитание и музичко воспитание
Пристапот кон учењето ги опфаќа следните елементи:
- љубопитност и интерес кон стекнување нови информации, желба за учење и стекнување
нови знаења и вештини;
- иницијативност која кај малите деца покажува дека тие се желни да извршуваат задачи,
активно да учествуваат во активностите за рано учење и се подготвени да преземаат
ризици при стекнување нови знаења и вештини;
- упорност и истрајност со која децата покажуваат дека можат да го задржат своето
внимание за да ја извршат поставената задача;
- креативност и инвентивност која покажува дека децата може да ги прошират своите
знаења користејќи ја својата имагинација надвор од конвенционалните начини на
мислење и размислување, карактеристични за возрасните. Во рамките на пристапот кон
учењето се издвојуваат:
- љубопитноста и иницијативноста;
- креативноста и истрајноста.
Само завртете се околу себе, размислете и ќе сфатите дека сé е математика околу нас. Какви
форми се зградите, колку се на број, високи или ниски, широки, тесни и тн. Затоа играјте со децата
и учете математика.

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down