Учиме низ игра и музика

УЧИМЕ НИЗ ИГРА И МУЗИКА – за децата од 5 – 6 години
САМО ИГРАТА Е ЕДИНСТВЕНА АЛАТКА ЗА ДОСТИГНУВАЊЕ НА
СИТЕ РАЗВОЈНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ КАЈ ДЕЦАТА.

Конфучие истакнал:

„Ако сакате да знаете каква е државата на еден народ и дали нејзините закони се добри или

лоши, испитајте ја музиката што во таа земја се слуша“

Играта е активност која е карактеристична за луѓето, децата и возрасните, израз на нивните
потреби. Таа отсекогаш била централна и најважна активност во животот на детето. Играта е
свесна манифестација на нагонот за активност што постои како внатрешна потреба на личноста.
Претставува најдинамична форма на детска активност и изразува и развива неколку детски
психофизички карактеристики во сложен и заемно зависен однос.
Со своите исклучителни формативни можности, играта го поттикнува развојот на способностите на
децата и создава предуслови за нивен развој во подоцнежната возраст. Додека игра, детето го
истражува светот околу него и сопствените можности, наоѓа и измислува нови можности за
дејствување во различни ситуации. Исто така, играта има посебна улога кога е во контекст на
размислување за развојот и учењето на децата од предучилишна возраст.
Преку играта, децата стекнуваат и ги подобруваат социјалните и комуникациските вештини, ја
перцепираат и разбираат сопствената и емоционалната состојба на другите луѓе. Играта
дефинитивно треба да се охрабрува. Умешноста и координацијата на движењата се важни за
општиот развој на детето
можните предности на играта како форма на учење:
многу е лесно да се постигне најголема можна концентрација на внимание;

  • емотивниот однос на децата кон играта е попозитивен отколку кон „сериозното“ учење;
  • децата помалку се уморуваат во играта отколку во сериозна работа;
  • играта ја зголемува мотивацијата, интересот, предизвикува поголемо внимание и го прави
    учењето поинтересно од другите начини на работа;
  • децата подолго ја паметат научената содржина и полесно го применуваат она што го учат во
    играта.
    Со музика и игра животот е поубав.

Контактирајте нé

Contact Form Demo (#1)
Детска Градинка Астибо © 2024 All Rights Reserved
chevron-down